Протеранiot кинески бизнисмен Гуо Венгуи осуден на судење за измама во САД/Фото: Скриншот/YouTube/AFP

Кинески тајкун осуден во САД за измама од милијарда долари – земал пари од следбеници и купувал јахти и автомобили

Прогонетиот и мистериозен кинески бизнисмен Гуо Венгуи беше прогласен за виновен од американските судови за измама на неговите онлајн -следбеници за милијарди долари иако е во затвор од март 2023 година.

Тајкунот беше осуден за 9 од 12-те кривични пријави со кои се соочи, вклучително и изнуда, измама и перење пари.

Казната на Гуо ќе биде објавена на 19 ноември, а тој е во опасност да остане зад решетки со децении.

Кој е Гуо Венгуи

Гуо користи различни псевдоними, вклучувајќи ги Мајлс Гуо, Мајлс Квок и „Братот Седум“. Тој беше именуван како Хо Ван Квок кога беше обвинет во 2023 година. Во еден момент тој беше 73-та најбогата личност во Кина, додека во САД е член на Мар-а-Лаго на Доналд Трамп. Обвинителите на Менхетен велат дека Гуо собрал повеќе од една милијарда долари од онлајн-следбеници кои учествувале во шеми за инвестиции и криптовалути помеѓу 2018 и 2023 година. Парите што ги собрал биле искористени за финансирање на неговиот раскошен начин на живот, бидејќи тој поседува ултра луксузен замок, „ламборџини“ од еден милион долари и јахта од 37 милиони долари.

Окружниот обвинител на Менхетен, Демијан Вилијамс, по пресудата изјави дека илјадниците обожаватели на Гуо на интернет биле жртви за да може тој да живее раскошен живот.

Политичкиот активизам и односот со Стив Банон

Политичкиот активизам и врските со високи десничарски политичари и активисти во САД на Гуо му донесоа стотици илјади следбеници на интернет. Повеќето од нив се Кинези кои живеат во западните земји.

Адвокатите на Гуо неуспешно се обидоа да ги убедат поротниците дека нивниот клиент не барал пари, велејќи дека тој е жесток противник на политичкиот систем на Кина и дека неговиот раскошен начин на живот во суштина е начин за критикување на кинеската Комунистичка партија.

По пристигнувањето во САД во 2017 година, Гуо, кој веќе беше во несогласување со кинеската влада, соработуваше со Банон на различни потфати. Двајцата често се појавуваа заедно во видеата на интернет и во 2020 година започнаа кампања наречена Нова сојузна држава Кина, чија цел беше да ја собори кинеската комунистичка партија.

Банон, истата година, беше уапсен под обвинение за измама додека бил на јахтата на Гуо во Конектикат. Подоцна тој беше помилуван од тогашниот претседател Доналд Трамп, а моментално отслужува четиримесечна затворска казна за непочитување на Конгресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот