
Кинеската амбасада стипендира студенти од битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“
„Празнична честитка до студентите на УКЛО и Конкурс за 40 награди/стипендии“, велат од битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ за тоа дека по бројните напори и активности за поддршка на студентската заедница, со цел да им се даде заслужено признание на студентите кои покажаа извонредност во студирањето, Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со Амбасадата на НР Кина во Скопје обезбедил 40 награди – стипендирање во висина на едногодишна уписнина за редовни студенти на прв циклус студии (12.600 денари).
Препорачано
Наградите ќе се доделат во три категории.
КАТЕГОРИЈА I – НАЈВИСОК УСПЕХ ВО СТУДИРАЊЕТО за студенти запишани во академските 2022/23, 2023/2024 година. Во оваа категорија ќе се доделат 22 награди / стипендии, по две на секоја единица. За оваа категорија, селекција на најдобрите ќе извршат самите единици (факултети, висока школа) согласно нивната евиденција.
КАТЕГОРИЈА II – НАЈДОБРИ ТРУДОВИ НА ГОДИШНАТА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА за сите студенти запишани на прв циклус студии. Во оваа категорија ќе се доделат 3 награди/ стипендии за најдобро оценетите трудови на Годишната студентска конференција. За оваа категорија, селекција на најдобрите трудови веќе е направена од комисијата која ги оценување презентираните трудови.
КАТЕГОРИЈА III – ИЗВОНРЕДНОСТ ВО СТУДИРАЊЕТО за сите студенти запишани на прв циклус студии. Во оваа ктегорија 15 партиципации се доделуваат според критериум постигнат успех и ангажираност во активностите на УКЛО според следните критериуми:
Просечен успех во студирањето од претходните академски години– 50%
Учество во воннаставни активности – 30%
Учество во проектните активности на COLOURS – 10%
Учество на универзитетска студентска конференција – 10%
За учество во Категорија III студентите потребно е да се пријават најдоцна до 31.01.2025, велат од УКЛО.