
Кина ја зафати вториот бран од коронавирусот: Во карантин се 108 милиони луѓе
Новото жариште на коронавирусот ги принуди кинеските власти да воведат строги мерки за изолација во северо-истокот на земјата, па во нов карантин моментално се наоѓаат повеќе од 108 милиони луѓе.
Препорачано
Без обзир на тоа што во регионот се регистрирани 34 нови случаи на зараза, во провинцијата Џилин, која се наведува како жариште на Ковид-19, запрен е автобускиот и железнички сообраќај и затворени се училиштата.
– Брзата и силна реакција на Кина го одразува нејзиниот страв пред вториот бран на инфекција и откако го задржа ширењето на вирусот со големи економски и социјални загуби. Тоа е исто така знак и колку ќе биде кревок процесот на повторно отварање во Кина и другите земји, бидејќи и мал знак за пораст на инфекцијата, може да предизвика враќање на строга изолација, пишува агенцијата.
За новиот бран на инфекцијата соопшти и кинеската агенција Саут Чајна Морнинг Пост (СЦМП), а според информациите властите во потполност го блокирале градот Шулан, а делумно и градот Џилин, двата во истоимената провинција.
Според наводите на СЦМП, во Шулан е на сила цврста блокада, излегувањето од домовите е дозволено само на еден член на фамилијата на два часа, на секои два дена заради купување на неопходни производи. Затворени се влезовите и излезите на градот, како и од околните градови и села. Кинеската агенција не го наведува точниот број на луѓе во карантин, како и неговото очекувано траење.
Според податоците на кинеската Комисија за здравствена заштита, на 17 мај во земјата се регистрирани седум нови случаи на зараза од ковид-19. Од почетокот на епидемијата, во земјата, според официјалните податоци се заразени 82.954 луѓе, додека 4.634 починале.