Владимир Путин и Си Џинпинг/ Фото EPA

Кина и Русија имаат заеднички став за Авганистан

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин денеска во телефонски разговор разменија мислења за Авганистан и се согласија да ја зајакнат координацијата во врска со кризата во оваа земја, пренесува Ројтерс.

Кинескиот претседател ги повика сите страни во Авганистан да изградат отворена и инклузивна политичка рамка, да водат умерена, стабилна политика и да ги прекинат врските со сите терористички групи.

„Кина е подготвена да го зајакне дијалогот за Авганистан со Русија и другите членови на меѓународната заедница“ порача Си.

Според кинеската телевизија, рускиот претседател Путин го поддржал предлогот на кинескиот претседател за зајакнување на координацијата во врска со авганистанското прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!