Фото: Инстаграм/Ким Кардашијан

Ким Кардашијан за хроничната болка со која се борела и третманот со матични клетки: „Мислев дека телото ми се распаѓа“

Ѕвездата на реалните шоуа, Ким Кардашијан, проговори за „хроничната болка“ со која се борела со години, а која се појавила додека се опоравувала од повреда на рамото.

„Многу сум возбудена што можам да го споделам моето искуство со матични клетки. Пред две години го повредив рамото додека кревам тегови, поради што чувствував исцрпувачка болка“, напиша таа на Инстаграм.

Истакна дека испробала сѐ за да ја ублажи болката, сѐ додека не го открила третманот со матични клетки.

Откако започнала со терапијата, која вклучува употреба на матични клетки за поправка или замена на оштетено ткиво и органи, Кардашијан забележала „моментални резултати“ и ѝ се вратил целосниот опсег на движење.

„Моето рамо оттогаш е целосно нормално“, додаде таа, изразувајќи благодарност до лекарот кој ѝ помогнал.

Неодамна повторно се обратила кај него поради хронична болка во грбот што ја чувствувала со години.

„Третманот со матични клетки промени сѐ. Веднаш почувствував олеснување и неподносливата болка конечно исчезна. Ако се борите со болки во грбот, не можам доволно да го препорачам овој третман – ми го смени животот во момент кога мислев дека телото ми се распаѓа“, истакна таа.

Во објавата нагласила дека е свесна оти овој третман можеби не е достапен за сите, а ги предупредила своите следбеници добро да се информираат и да се консултираат со лекари пред да се одлучат на ваква постапка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)


Кардишијан ја претрпела повредата во 2023 година, но тоа не ја спречило редовно да оди во вежбална. Само неколку недели по повредата повторно почнала да вежба. Таа често споделува моменти од тренинзите на социјалните мрежи, а претходно била мета на критики поради интензивните рутини, особено откако во три недели ослабела околу осум килограми. Кардашијан значително ослабе за да може да го облече култниот фустан на Мерилин Монро на Мет гала во 2022 година.

Нејзиниот личен тренер изјавил дека Кардашијан ги намалила килограмите на здрав начин.

„Навистина се труди. Бев присутен во текот на целиот процес, не се изгладнуваше. Се придржуваше до избалансирана исхрана и понекогаш јадеше помалку, но редовно вежбаше и се посвети“, рекол тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот