
Ким Кардашијан на денешното судење во Париз се соочи со напаѓачите кои ѝ го украдоа накитот вреден неколку милиони долари
Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан денеска сведочеше на судењето во Париз за случајот со грабежот кој се случи во 2016 година, во кој ѝ беше украден накит вреден неколку милиони долари.
Препорачано
Имено, додека ријалити ѕвездата била во Париз за време на Модната недела, нејзиниот накит бил украден, вклучувајќи и дијамантски прстен од 4 милиони долари што ѝ го подарил поранешниот сопруг на Канје Вест.
Кардашијан, повремено во солзи, рече дека дошла во француската престолнина замодниот настан и дека Париз е место што отсекогаш го сакала и каде што се чувствувала безбедно.
„Се разбудив околу три часот наутро и слушнав чекори по скалите. Ја повикав сестра ми и еден пријател, но никој не се јави“, рекла таа, додавајќи дека неколку луѓе во полициски униформи влегле во нејзината спална соба.
Кардашијан рекла дека била многу збунета и зашеметена, обидувајќи се да сфати што се случува, а потоа еден од мажите рекол на англиски со акцент – „Ринг, прстен!“, пренесува „Ројтерс“.
„Бев во шок и на почетокот помислив дека е некаков терористички напад и не сфатив веднаш дека се работи за мојот накит“, рекла таа.
Таа додаде дека напаѓачите потоа ја фрлиле на креветот, дека била многу исплашена и хистерична и постојано велела дека мора да се врати дома кај своите деца.
Според неа, еден од нив вперил пиштол кон неа и ја повлекол кон себе, па во тој момент помислила дека ќе ја силува, но за среќа само ја врзал.
Ова е прв пат Кардашијан да се соочи со осомничени за напад по грабеж за време на кој ѝ беше украден накит во вредност од повеќе од 6 милиони долари.
Интересно е што крадците биле на возраст меѓу 60 и 70 години.
Судењето започна минатиот месец и во него учествуваат десет обвинети.