
Ким Џонг-ун најави безусловна поддршка за интересите на Кина
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека Пјонгјанг безусловно ќе ги поддржува интересите на Пекинг, по завршувањето на неговата прва посета на Кина по шест години, објави државната новинска агенција КЦНА.
Препорачано
За време на разговорите со кинескиот лидер Си Џинпинг, двајцата лидери истакнаа дека Пекинг и Пјонгјанг споделуваат заедничка судбина, пренесоа севернокорејските и кинеските државни медиуми.
Ким вети поддршка за интересите на Кина независно од меѓународната ситуација и ја пофали улогата на Кина во одбраната на светскиот мир.
За време на посетата, Ким се придружи на Си и други лидери надвор од НАТО, вклучително и рускиот претседател Владимир Путин, на голема воена парада во Пекинг по повод 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија и крајот на Втората светска војна.

Кина вети продолжување на поддршката за развојот на Северна Кореја, додека Пјонгјанг се обврза да ја поддржува Кина во одбраната на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.
Ким пристигна во Пекинг со блиндиран воз во вторникот и се врати дома синоќа. КЦНА ја опиша посетата како „историски момент“.
Кина е клучен економски поддржувач на изолираната Северна Кореја, но односите меѓу двете земји беа забавени во последно време, со малку посети на високи кинески официјални лица во Северна Кореја