фото: EPA-EFE/Yoan Valat

Килијан Мбапе ќе биде главна цел на Реал Мадрид во 2024 година

Реал Мадрид не се откажува од намерата да го купи напаѓачот на ПСЖ, францускиот репрезентативец Килијан Мбапе.

Новинарот Карлос Карпио од шпанската „Марка“ објави дека 24-годишниот фудбалер ќе биде главната трансфер цел на „кралевите“ во 2024 година.

На „Сантијаго Бернабеу“ не веруваат дека раководството на францускиот првак ќе се согласи да го продаде Мбапе оваа година и затоа нема ни да испраќа понуди летово, за да се избегне можноста за ново одбивање.

Тоа, пак, ќе му овозможи на Реал целосно да се фокусира на доведување на Џуд Белингем од редовите на Борусија Дортмунд.

Мбапе минатата година можеше да се пресели во таборот на Реал, но во последен момент го продолжи договорот со ПСЖ, кој е со важност до летото 2025. Напаѓачот оваа сезона одигра 40 мечеви за парижаните во сите натпреварувања и постигна 38 голови, и запиша девет асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот