Фото: VALERIE MACON / AFP / Profimedia

Кијану Ривс по 21 година повторно се соедини со својот стар бенд

Несомнено е дека Кијану Ривс е еден од најпознатите актери во Холивуд, но веројатно малкумина знаат за неговата музичка кариера.

Познатиот актер свиреше во бендот „Догстар“, кој најави обединување по 21 година. Во далечната 1991 година, Ривс го формираше Догстар со Роберт Мејлхаус, додека Брет Домроуз и Грег Милер се придружија за да го надополнат бендот.

Бендот беше активен од 1991 до 2002 година, имаа бројни настапи во живо и издадоа два студиски албуми, „Our Little Visionary“ од 1996 година и „Happy Ending“ од 2000 година. Ривс свиреше бас гитара и исто така беше придружен вокал, Групата се распадна во 2002 година кога Ривс почна да се прославува во Холивуд.

Фото: Инстаграм/Догстар

Повеќе од дваесет години откако се распаднаа, Догстар повторно се обедини, а Ривс им се придружи на неговите поранешни колеги од бендот.

Минатиот месец на Инстаграм профилот на Догстар беше објавена црно-бела фотографија од бендот, со натпис: „Последно позирање на покривот во Линколн Хајтс за фотографија од бендот. Наскоро возбудливи вести. Ви благодариме за трпението“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот