Воен брод Москва / Фото : Твитер

Киев тврди : Погоден бродот „Москва“ гордоста на руската морнарица

Непотврдени информации објавени на социјалните мрежи велат дека ракетна батерија на украинската морнарица го погодила крстосувачот на руската морнарица бродот „Москва“ во близина на брегот на Одеса, стратешки пристанишен град на Црното Море во југозападна Украина.

Информацијата која засега не е потврдена од руска страна, говори дека бил забележан пожар на рускиот крстосувач и нејасно е која била причината за пожарот. Оваа вест брзо се рашири на социјалните мрежи а истата ја пренесе блогерот Алексеј Арестович, советник на украинскиот претседател.

– Имаше изненадување на ракетниот крстосувач „Москва“ кој брои 510 членови на екипажот. Засега не можеме прецизно да разбереме што се случи. Дали двајца морнари пушеле на недозволено место и избувнал пожарот или се прекршени некои безбедносни протоколи се уште не се знае – изјави тој.

Претходно, причината за пожарот на крстосувачот беше посочена како резултат на ракетен напад на украинскиот противбродски систем „Нептун“. Според поранешниот народен пратеник Серхиј Висоцки два украински проектили биле насочени и истрелани кон рускиот крстосувач „Москва“, кој е дел од 30-та дивизија на руската Црноморска флота.

„Потврдено ми е дека два проектили на украинскиот противбродски комплекс „Нептун“ ја „победија“ гордоста на руската морнарица бродот „Москва“ Два од два погодоци. Целата руска „Црноморска флота“ сега е повлечена за итни спасувачки операции – напиша Серхиј Висоцки.

Украинската пратеничка Ирина Фриз на Фејсбук  напиша дека ракетниот крстосувач „Москва“, кој бил во заливот Севастопол, исчезнал од радарот. Додека невремето беснее во морето, операцијата за спасување на воениот брод е комплицирана. Најверојатно истиот е потопен, напиша таа.

Во меѓувреме засега нема официјални информации објавени дека украински проектили го предизвикале пожарот на рускиот воен брод. Досега на неколку пати украинските власти јавуваа дека имаат уништено неколку руски бродови во Црното Море, но подоцна се испостави дека тоа не е така.

Од она што е познато бродот „Москва“е пловечка убиствена машинерија на руските сили и тој е способен да уништи воздушни цели на секаква висина од најмала до најголема. Истиот е опремен со артилериско, противвоздушно, противбродско и минско оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот