Размена на украински војници/Фото: EPA-EFE/STRINGER

Киев најавува размена на затвореници со Русија следната недела

Украина денес објави дека размената на затвореници и тела на војници со Русија ќе се одржи „следната недела“, откако Москва и Киев разменија обвинувања за одложување на процесот.

„Почетокот на операциите за репатријација, според резултатите од разговорите во Истанбул, е закажан за следната недела (…) Сè ќе се одвива според планот“, рече шефот на украинската воена разузнавачка служба, Крило Буданов, обвинувајќи ја Москва за „комуникациски игри“.

Во Истанбул минатата недела руската и украинската делегација договорија размена на 1000 до 1200 воени заробеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот