
Келог: Трамп ја овласти Украина да започне напади длабоко на руска територија
Американскиот претседател Доналд Трамп ја овласти Украина да започне напади длабоко на руска територија, изјави специјалниот претставник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог, во интервју за Фокс њуз, пренесува Киев Индипенндент.
Препорачано
Кога директно беше прашан дали американскиот претседател верува дека Украина може да ја нападне Русија со оружје со долг дострел, Келог одговори дека претседателот Трамп ѝ дал на Украина овластување да извршува такви напади.
„Мислам дека, откако го прочитав она што го кажа претседателот Трамп и она што го кажаа потпретседателот Венс и државниот секретар Рубио, одговорот е да. Искористете ја можноста да напаѓате од долг дострел“, рече Келог, потсетувајќи дека Пентагон претходно не ѝ дал дозвола на Украина да извршува такви напади.
Како што објави Волстрит џурнал (WSJ), американскиот претседател му рекол и на својот украински колега Володимир Зеленски дека е подготвен да ја укине забраната за напади со американско оружје на руска територија.
„Секој треба да го следи она што го кажува претседателот Трамп. Според Уставот на САД, тој е врховен командант на американската војска и сите му се покоруваат. Кога претседателот ќе оди лево, вие ќе одите лево. Ако тој каже одете десно, вие ќе одите десно. Тоа е претседателот. Последниот пат кога проверивме (на изборите), никој од нас не доби никакви електорски гласови, но тој доби“, рече Келог.