Фото: Profimedia

Кејт Мидлтон им се враќа на обврските: Принцезата ќе го организира божиќниот концерт, сочувството ќе биде главна тема

Британската принцеза Кетрин ќе го организира годинашниот божиќен концерт, кој ќе ѝ биде посветен на пораката „дека е потребна меѓусебната поддршка, особено во најтешките моменти од животот“.

Божиќниот концерт наречен „Заедно на Божиќ“ („Together At Christmas“) ќе се одржи на 6 декември во Вестминстерската опатија, а неговата организација ќе ѝ биде една кралските должности на принцезата откако таа го заврши лекувањето на ракот, кој ѝ беше дијагностициран на почетокот на оваа година.

Палатата Кенсингтон објави дека годишнашната божиќна служба, на која ќе присуствуваат членовите на кралското семејство, ќе биде можност да се „размисли за важноста на љубовта и сочувството“.

Ова ќе биде четврти пат принцезата Кетрин да го организира овој традиционален концерт, на кој ќе пее хор од 1.600 пејачи.

Темата на овогодинешниот концерт е инспирирана од Божиќната приказна, која нè потсетува на важноста на сочувството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот