Полиција / Фото: МИА

Казни за шест полициски службеници, за да не платат патарина користеле „флешери” и легитимации

Изречени се 32 глоби за неплаќање патарина, а шест полициски службеници поминале наплатна станица без да платат, со злоупотреба на т.н „флешери” и службена легитимација, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Глобите се изречени при засилената контрола за санкционирање на евентуални злоупотреби при наплатата на патарина на автопатиштата и неовластена употреба на т.н. „флешери”, што била извршена завчера и вчера од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Државниот инспекторат за транспорт и Мобилната единица за безбедност во сообраќајот.

Од МВР најавија дека против полициските службеници покрај изречена глоба ќе бидат преземени мерки и од страна на Одделот за внатрешна контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот