
Касами: Време е по 20 години Албанците да го тргнат Али Ахмети кој владее како Енвер Хоџа
Време е Албанците по две децении да направат промена и да го тргнат од власт првиот човек на ДУИ Али Ахмети кој владее како Енвер Хоџа, смета претседателот на Беса Билал Касами. Тој во интервју за весникот „Лајм“ оцени дека актуелните случувања во ДУИ одат во прилог на зајакнување на опозициската соработка.
Препорачано
„Случувањата во ДУИ одат во прилог на зајакнување на опозициската соработка, така што во оваа соработка сме подготвени да ги вклучиме сите политички сили кои сметаат дека е неопходно да има ротација на политичката партија по 20 години политичкa едногласност или да имаме друга партија или нови политичари кои ја претставуваат новата генерација албански граѓани кои имаат разни неисполнети потреби, поради што ја напуштаат државата“, вели Касами.
Според него, време е да заврши владеењето на Ахмети, кој го спореди со албанскиот диктатор Енвер Хоџа.
„Намерата и целта на ДУИ е да отстрани што е можно повеќе Албанци од државата за да ги контролира малкуте преостанати Албанци и да остане на власт како што Енвер Хоџа 50 години владееше со Албанија. Али Ахмети исто така тврди дека со оние Албанци кои ќе останат сиромашни, слаби, свиткани, може да владее како неговиот претходник Енвер Хоџа“, изјави Касами.