Билал Касами
Биљал Касами / Фото: МИА

Касами ќе бара помош од Владата за Тетово да се справи со последиците од невремето

Општинскиот Kризен штаб попладнето во Тетово одржа седница поради невремето во градот и причинетите материјални штети по имотите на граѓаните и институциите на локално ниво. Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами информираше дека за надминување на состојбата ќе се бара помош и од Владата.

-Неадекватните инвестиции во делот на атмосферската канализација дадоа резултат на тоа повеќе од улиците, повеќе од булеварите и кружни текови да бидат блокирани и беа под вода. За жал, дел од таа вода отиде во подрумите на куќите, особено во делот кај Тетовчанка, Тетекс, и во целото градско подрачје кое е во долниот дел на градот. Исто така беа поплавени некои од јавните институции во ситуацијата, училишта и градинки. Од сабајле сум на терен со противпожарната и спасителна екипа во рамките на Општина Тетово каде интервениравме и дел од проблемите ги решаваме во од. Во ситуацијата интервенираме и за испумпување на водата од подрумите на граѓаните, изјави Касами.

Кризниот штаб донесе и повеќе заклучоци според кои ќе се бара помош од Владата за надоместување на штетите, чистење на речните корита, како и помош и од град Скопје за чистење на улиците.

-Ќе воспоставиме контакт број за пријавување на штетите од страна на граѓаните, воспоставување континуирана комуникација со Центарот за управување со кризи, полицијата и Дирекцијата за заштита и спасување во врска со преземањето на мерки на претпазливост за избегнување на поголеми штети. Да се интервенира во делот на атмосферската канализација (долгорочно) и да се провери исправноста на водата за пиење, истакна Касами.

Градоначалникот рече дека будно се следат состојбите и во шарпланинските села како Шипковица и Бродец. Таму вчера имаше одрони на патот кои се расчистија, додека денеска немаше нови проблеми и штети.

ВИДЕО: Силно невреме со град, ветер и грмотевици во Тетово, поплавени градските улици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот