
Кардиналот обвинет за прикривање на свештениците педофили во САД, еден од избраните што ќе го запечати ковчегот на папата Франциск
Присуството на кардиналот Роџер Махони во групата од 9 кардинали кои ќе го запечатат ковчегот на папата Франциск за време на саботната церемонија предизвика реакции во САД.
Препорачано
Махони (89), кој служел како надбискуп на Лос Анџелес, е обвинет за прикривање случаи на сексуална злоупотреба на деца од страна на свештеници.
Американскиот свештеник беше разрешен од должностите во јануари 2013 година од неговиот наследник по објавувањето на илјадници досиеја во кои е забележано дека зад сцената придонесувал да ги заштити свештениците педофили и црквата од скандалот со откривањето на нивните активности.
Во најмалку еден случај, надбискупот од Лос Анџелес 25 години наводно го задржал во редовите на црквата свештеникот Мајкл Бејкер кој во 1986 година признал дека сексуално злоставувал две момчиња во период од седум години. Махони го испратил сега веќе сменетиот свештеник на психолошка терапија, советувајќи го да не поминува време со малолетници.
Махони, кој постојано се извинуваше за своите постапки, тогаш изјави дека католичките власти не разбираат како да се справат со такви случаи, кои ги опиша како „страшен грев и злосторство“.
„Срам за папата Франциск е што учествува во ритуалот и срам за Колеџот на кардинали што му дозволи да го стори тоа“, рече член на организацијата Bishop Accountability, која со децении документира случаи на злоупотреба од страна на свештениците.
Од своја страна, портпаролот на Ватикан реагираше со куса изјава дека Махони е избран за неговата улога на церемонијата врз основа на неговиот стаж како кардинал.