фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Карабах поблиску до двомеч против Шкендија во третото квалификациско коло за ЛШ

Фудбалерите на Карабах со една нога се во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите откако вечерва на гости со 3:0 го совладаа Шелбурн од Ирска.

Победникот од овој двомеч во следната фаза ќе игра со подобриот од натпреварите меѓу Шкендија и ФЦСБ каде по првите 90 минути тетовските „црвено-црни“ имаат предност од 1:0.

За претставникот од Азербејџан на денешниот дуел головите ги постигнаа Леандро Андраде во 13, Кашчук во 81 и Ахундзаде во 85 минута.

Реваншот меѓу Карабах и Шелбурн ќе се одигра на 30 јули од 18.00 часот.

Се одигра уште еден, австрискиот Салбург на гости со 4:1 триумфираше над норвешкиот Бран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!