Канзас Сити во драматична завршница ја одбранија титулата во Суперболот

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Во финале кое имаше спектакуларна завршница, Канзас Сити Чивс славеше со 25:22 против Сан Франциско Фортинајнерс и така тие станаа првата екипа која го одбранила трофејот во Суперболот по 19 години.

Патрик Махомос кој во финалето беше прогласен за МВП го освои третиот НФЛ трофеј и вторпат стигнува до признанието за најдобар во мечот. Како и што се најавуваше, одбраниете беа тие кои го имаа главниот збор. Во првата четвртина не видовме ниту еден поен. Вториот период донесе доминација на тимот од Франциско кој поведе со 10:0, додека Чивс до полувремето намајалија на 10:3.

На полувремето како и секогаш следуваше шоу за публиката, а потоа Чивс тргнаа фуриозно со еден филд голд од 57 јарди, потоа го направија и првиот тачдаун за водство од 13:10. Возврати Сан Франциско со тачдаун за 16:13, но до крајот Чивс изедначија на овој период на 16:16.

Со филд гол од 54 јарди Сан Франциско поведе со 19:16, а Чивс дојдоа на десет јарди од голот на противникот откако претходно не успеаа да направат тачдаун, но изедначија на 19:19. Со тој резултат и заврши регуларниот дел, па се играаше продолжение.

Сан Франциско во продолжението го врати водството и поведе со 22:19, меѓутоа последниот напад го имаше тимот од Канзас, па така на три секунди до крајот Махомс го пронајде Хардмен кој реализираше тачдаун за 25:22.

Пред Канзас Сити титулата во Супербол ја одбрани Њу Ингланд Патриотс пред 19 години.

ФОТО + ВИДЕО | Спектакуларен настап на Ашер на Супербол: Пееше во живо, возеше ролшуи, танцуваше и ја соблече маицата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот