
Канаваро можел да стане селектор, добил понуда од репрезентацијата која ја водеше на два натпревари
Италијанската фудбалска легенда, Фабио Канаваро, засега останува без нова работа, иако неодамна добил понуда повторно да стане селектор.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што пренесуваат медиумите, поранешниот дефанзивец на „азурите“ повторно бил посакуван од фудбалската федерација на Кина, која веќе еднаш му ја довери репрезентацијата во 2019 година. Тогаш Канаваро го водеше националниот тим на Кина на две контролни средби против Узбекистан и Тајланд и двете ги загуби со по 1-0.
Иако не се прослави како селектор, Канаваро остави силен впечаток во кинескиот клупски фудбал, особено како тренер на Гвангжу, каде што помина неколку успешни сезони.
Сепак, според информациите, желбата на Канаваро е да остане во Европа и да продолжи во клуб од „стариот континент“. Неговиот последен ангажман беше во Динамо Загреб, каде што на клупата мина 14 натпревари, со биланс од седум победи, две ремија и пет порази.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
39мин
-
3час
-
4час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5