Фото: Screenshot

Канатларовски: Шведска ќе има желба за одмазда, но и ние ќе се прашуваме за резултатот

Maкедонската фудбалска репрезентација до 21 година утре од 14:00 часот на Арената „Тодор Проески“ го игра натпреварот против Шведска во рамките од квалификациите за Европското првенство 2025.

Селекцијата на Шведска ја има фаворитската улога, иако Македонија на гостински терен во првиот натпревар во групата ги изненади со победа од 0.1.

Швеѓаните покрај борбата за бодови сигурно дополнително ќе бидат мотивирани да ни се одмазадат за тој пораз во првото коло, па Канатларовски е свесен дека ги чека тежок предизвик.

„На претходниот натпревар против Гибралтар очекувавме дека малку полесно ќе дојдеме до победата, но, факт е дека затаи и реализацијата. Место да дадеме гол повеќе, нам ни се случи и хендикеп што загубивме и тројца фудбалери, се повредија Диме Тодоровски и Берат Калкан, а Методи Максимов доби картони поради кои нема право на настап.

Јасно е дека сега не чека силната Шведска која сигурно ќе сака одмазда за претходниот пораз. Но, ние сме подготвени и сигурно и ние ќе се прашуваме за резултатот на овој натпревар. Мора да бидеме максимално фокусирани во текот на сите 90 минути и да знаеме што сакаме во секој момент од мечот ако сакаме успех“, изјави Канатларовски.

Ќе потсетиме, Македонија во четвртокот на Арената во Скопје славеше со 1:0 против Гибралтар.

ФОТО | Македонија У21: Гибралтар е минато, младите фудбалери го одработија последниот тренинг пред Шведска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот