фото: Cibona/Ivana Dergez

Канадски банкар со половина милион евра ја спасува Цибона од згаснување

Веќе неколку години, легендарната Цибона – симболот на загрепската и европската кошарка – се наоѓа на самиот раб на финансиски колапс. Двократниот европски шампион, клубот кој изнедри кошаркарски великани, денес е сенка на славното минато и постојано се соочува со опасност од ставање клуч на врата.

Но како што пишуваат хрватските медиуми, Виктор Додиг, влијателен и респектиран банкар од Канада со хрватски корени, е сериозно заинтересиран за преземање на Цибона. Со тоа, двократниот европски шампион конечно би можел да добие свеж капитал и стабилни финансиски темели за враќање кон спортската елита.

Додиг е претседател на Управниот одбор на моќната CIBC Bank во Торонто веќе повеќе од една деценија. Со клубот е поврзан преку Абрахам Мишетиќ, кој неодамна е избран за член на Собранието на Цибона, а локалните медиуми јавуваат дека канадскиот банкар веќе уплатил половина милион евра за покривање на дел од долговите и финансирање на подготовките за новата сезона.

Потенцијалниот сопственик е роден во Торонто, откако неговите родители Веселко и Јања емигрирале во Канада во 1961 година. Се образувал на престижниот Харвард, и важи за строг, прагматичен, но и визионерски бизнисмен кој знае како да трансформира проблематични организации во успешни приказни.

Се очекува Цибона наскоро да се трансформира во акционерско друштво, при што мнозински сопственик би станал токму Додиг. Последната титула во хрватското првенство Цибона ја освои во 2013 година, додека пак во сезоната која следи, „Волците“ ќе настапуваат во АБА 2 лига, односно во вториот ранг на регионалниот шампионат и првпат во својата историја, нема да биде дел од елитната АБА-лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!