
Канада нема да ги пушти своите спортисти на Игрите во Токио, Австралија бара одложување
Олимпискиот комитет на Канада (ЦОК) соопшти дека нема да ги прати своите спортисти на Олимписките игри кои од 24 јули до 9 август треба да се одржат во Токио.
Канаѓаните на овој радикален чекор се одлучија поради пандемијата на коронавирусот и тврдоглавоста на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) кој засега упорно одбива да ги одложат Игрите. ЦОК даде и свој предлог, ЛОИ да се одложат за една година.
Препорачано
„Иако сфаќаме колку е сложен процесот на одложување на Игрите, ништо не е поважно од здравјето и безбедноста на нашите спортисти и луѓето во целиот свет. Тоа не се однесува само на здравјето на спортистите, туку на јавното здравје“, стои во соопштението.
Канаѓаните му порачаа на ИОК дека се подготвени да му помогнат на ИОК да се пронајде алтернативно решение, но дека не е безбедно за спортистите, нивните семејства и жителите на Канада, учесниците на Олимиските игри да продолжат со тренинзи и подготовки за Игрите.
„ Се наоѓаме во моменти на глобална здравствена криза која е многу поважна од спортот“.
More than a performance, a record, or a medal.
It’s about being part of something bigger. #TeamCanada pic.twitter.com/93vvTRzDfE
— Team Canada (@TeamCanada) March 23, 2020
На ОИ во Рио де Жанеиро кои се одржаа во 2016 година Канада ја претставуваа 314 спортисти кои освоија 22 медали.
Веднап по соопштението на (ЦОК) се огласи и Олимискиот комитет на Австралија кој им порача на своите спортисти да се подготвуваат за Олимписките игри кои според нив ќе се одржат идното лето.
„На нашите спортисти, нивното и здравјето околу нив мора да им биде приоритет“, стои во дел од соопштението на Австралискиот олимписки комитет.
Австралија на Игрите во Рио де Жанеиро освои 29 медали, а беше претставувана од 422 спортисти.
ИОК во текот на вчерашниот ден одржа состанок на кој си постави рок од четири недела за донесување на конечна одлука. Притоа на состанокот била отфрлена можноста Игрите во Токио да бидат откажани, но се размислува за опцијата да бидат одложени, а истото го потврди и јапонскиот премиер Жинзо Абе.