Фентанил запленет во Ванкувер / Фото : Canadian Press / Shutterstock Editorial / Profimedia

Канада додаде 7 латиноамерикански нарко-картели на листата на „терористички“ организации

Канадската влада во четвртокот објави дека додала седум нарко-картели на списокот на „терористички“ организации, со цел поефикасна борба против трговијата со фентанил, како што побара американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни 25% царини за канадските производи доколку земјата не ги засили напорите да го запре протокот на имигранти и трговијата со дрога, особено фентанил. На денот кога ја презеде функцијата на 20 јануари, тој потпиша извршна наредба со која се назначуваат различни нарко-картели како „терористички“ организации, одлука што беше официјализирана оваа недела.

Криминалните организации кои се цел на мерката „играат водечка улога во производството и шверцот на фентанил низ целата земја“, објасни вчера за време на прес-конференција Дејвид МекГајди, министер за јавна безбедност на Канада.

Станува збор за бандите Клан дел Голфо(Колумбија), Трен де Арагва (Венецуела), Мара Салватруча или MS-13 (Ел Салвадор), како и четири мексикански картели: Синалоа, Њу Џенерешн оф Халиско, Фамилиа Мичоакан и Картелесу Унидос.

„Ние ќе тргнеме по парите“, нагласи МекГајди, објаснувајќи дека канадската влада ќе ги користи „сите алатки“ со кои располага „да го елиминира профитот од трговијата со дрога“.

Соочена со заканите на американскиот претседател Трамп за воведување царини, кои би имале особено силно влијание врз економијата на земјата, канадската влада вети дека ќе ги интензивира напорите за борба против трговијата со фентанил, истовремено нагласувајќи дека помалку од 1% од количината на синтетичкиот опиоид увезен во САД ја преминува канадската граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот