Адидас патики/ Фото: Пexels

Како патиките од Југославија го полудеа светот?

Патките Адидас Газел (Adidas Gazelle) денес се сметаат за симбол на безвременски стил. Сепак, малкумина знаат дека еден посебен модел, Adidas Gazelle Super, ексклузивно се произведувал во Југославија, во познатата фабрика Борово- пренесе Каматица. Овие патики го означија крајот на осумдесеттите години и станаа еден од најпопуларните модели во светот.

Оригиналниот модел Газел беше претставен во 1966 година и веднаш го освои пазарот. Беше лансиран во две верзии: црвена за спорт во затворен простор и сина за тренинг на отворено, со горен дел од четкана кожа. Тие брзо станаа синоним за удобност и стил.

Во 1987 година, Adidas го лансираше Gazelle Super, модел кој се произведуваше ексклузивно во Вуковар. Она што го правеше посебен беше плочката со името со логото на Adidas над препознатливите три ленти. Поради ограниченото производство, овие патики брзо станаа статусен симбол меѓу спортистите и трендсетерите.

Со текот на годините, Адидас го промени изгледот на моделот Газел, но нивниот препознатлив идентитет секогаш остана ист. Иако имаше различни верзии произведени низ целиот свет, Газел Супер од Борово остана уникатен.

Адидас ја издаде колекцијата Газел Супер повторно во 2016 година, а на официјалната веб-страница на компанијата сè уште се наведува дека овој модел на патики е создаден во Југославија. Цените моментално се движат помеѓу 80 и 120 евра, во зависност од моделот и големината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот