
Како да препознаете знаци на дехидрација кај децата: Внимавајте, помалите деца покажуваат најсуптилни симптоми!
Знаците и симптомите на дехидрација се менуваат во зависност од возраста на децата. Доенчињата и малите деца се повеќе склони кон ова отколку повозрасните, затоа е важно да се знае кои се основните знаци на дехидрација кај децата.
Препорачано
Кои се најчестите знаци на дехидрација?
Водата е клучна за живот. Повеќе од две третини од нашето тело е составено од вода. Има важни функции како што се навлажнување на очите и зглобовите, одржување на здравјето на кожата, исфрлање на токсините од телото или стимулирање на процесот на варење на храната.
На возрасни луѓе им требаат осум до десет чаши вода на ден, иако ова е само приближна проценка што може да варира.
Меѓутоа, ако нашето тело не добие доволно вода, тоа едноставно не работи правилно. Билансот на минерали по автоматизам се нарушува. Ако не се превземе нешто, може да дојде до оштетување на мозокот или, во екстремни случаи, смрт. Затоа, во случај на сериозна дехидрација, потребна е итна медицинска помош.
Знаци на дехидрација кај деца
Знаци на умерена дехидрираност кај децата се: општа слабост, раздразливост или мрзеливост, поретко мокрење, побрзо дишење (дете од 6 до 12 месеци нормално би требало да вдишува 50 пати во минута, а дете постаро од 12 месеци повеќе од 40 пати во минута). Нивниот пулс станува невообичаено брз (повеќе од 160 отчукувања во минута кај дете под 1 година, над 150 отчукувања во минута кај дете на возраст од една до три години и над 140 отчукувања во минута кај дете на возраст од две до пет години).
Знаци на сериозна дехидрираност кај децата се: помалку самосвесност, бледо лице, првутна кожа, ладни раце и нозе, забавена циркулација, забрзано дишење и отчукувања на срцето.
Што треба да правите во случај на дехидрација? Да пиете вода, се разбира.
Но, да не заборавиме дека на децата не треба да им даваме само вода затоа што може да ги разреди минералите во организмот. Најдобро е да им дадете раствор за рехидрација. Покрај мајчиното млеко, во случај на дехидрираност, може да им се даде и на бебиња, бидејќи тоа ќе ги замени изгубените соли и шеќери.
Ако се сомневате дека вашето новороденче или мало дете е дехидрирано, најдобро е веднаш да одите на лекар, дури и ако симптомите не се толку изразени.
Консултирајте се и со вашиот лекар ако вашето дете повраќа три или повеќе пати во рок од 24 часа. Со земање крв или урина, вашиот лекар ќе ја провери рамнотежата на калиум и натриум во вашето тело.
Знаци на дехидрација кај возрасни се: поретко мокрење, апатија или замор, вртоглавица, гадење, главоболка, мускулни грчеви, сува уста, јазик, очи, забрзано чукање на срцето.