Instagram

Како да препознаете „фејк“ чанта како професионалец

Некои од лажните чанти со лого на луксузна модна марка се толку вешто изработени што треба да поминеме низ мини обука за да ги препознаеме.

Прво и основно: се препознава по серијскиот број кој се наоѓа сокриен во џебот на чантата. Оригиналните чанти секогаш го имаат. Лажните никогаш.

Ако е материјалот кожа, тогаш мора да мириса на кожа. Ако пак, чантата е платнена, тогаш мора да биде од цврсто платно.

Внатрешната постава кај лажните чанти често е со лош квалитет и боја која не е соодветна на дизајнот. Лажните чанти често имаат посветла постава од оригиналните.

Оригиналните чанти имаат лого и на внатрешната страна. Логото е втиснато во кожата или рачно, беспрекорно сошиено. Денес добар дел од од лажните чанти имаат слично лого (сошиено, ама секако несовршено), а поочигледните „фејкови“ воопшто го немаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот