Како да нарачате кафе во Италија? Овие грешки Италијанците не ги простуваат

За Италијанците подготовката и уживањето во кафето е начин на живот, но во зависност од делот на земјата во кој живеат или од кој доаѓаат, се разликуваат и навиките. 20 региони и повеќе од 8.000 градови во Италија се карактеризираат со бројни разлики. Кафето во Венеција е генерално со полн вкус и ароматично, со ноти на ориентален мирис на ванила. Во Милано е лесно и нежно, а во Пиемонт и Лигурија е поробусно.

Ако се најдете во Трст и сакате еспресо во кафуле, волшебниот збор е неро, а капо е макијато, односно еспресо со малку пенливо млеко. Марочино, кое се пие во Милано, се карактеризира со додавање на какао, кое се додава во еспресото со млеко. Во Торино се вика бицерин, а во Апулија треба да нарачате еспресино. Во Неапол еспресото е многу ценето, а најпосакувано е краткото и јако. Нарачајте еспресо кон пана ако сакате еспресо со шлаг.

За да нарачате кафе како Италијанец, треба да запомните дека кафињата со млеко, како што се капучино, кафе лате и макијато, се резервирани за утринските часови, а доколку ги нарачате во текот на попладневните часови, може да предизвикате дури и потсмев. Исто така, ваквите кафиња не се пијат после оброк.

Италијанците уживаат во своето еспресо брзо, многу често од нога, а ако одлучите да седнете во кафуле, ќе платите повеќе за тоа. Пократко од еспресото е ристрето, а лунго или американо е подолго. Треба да се има предвид дека американо не е толку благо како американското кафе и има значително помалку вода по количина на кафе. За побрзо да си дојдете на себе по непроспиената ноќ, ќе ви помогне допио, односно двојно еспресо.

Лате макијато е млеко во кое се додава еспресо, а за подготовка се користат истите состојки како и за кафе лате, но нивниот изглед е различен. Лате макијато треба да се служи во висока чаша и да се подготви така што различните слоеви да бидат јасно видливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот