Фото: Flickr

Како да направите домашно посно млеко

Започнаа велигденските пости и доколку се придржувате, навреме осмислете го вашето неделно мени. Ако сте од оние што не можат да замислат ден без кафе со млеко или сакате домашни слатки што го содржат, не грижете се, бидејќи лесно можете да направите одлично посно млеко од соја. Тоа е барем поевтино отколку купеното во продавница, а се прави брзо и лесно. Можете да го додадете во сосови, но и во колачи или кафе. Уживајте!

Состојки:

– 100 грама непечена соја во зрна
– 1 лажичка мед
– 1 лажичка ванилин шеќер
– 1,5 литар вода
– 2 памучни пелени или газа

Подготовка:

Истурете ја сојата во тенџере и покријте ја со вода (половина литар), па оставете ја преку ноќ. Наутро процедете ја и измелете ја во блендер, а можете да користите и мелница за месо, ако имате.

Вратете ја сојата во тенџерето и сипете вода (1 литар), па варете додека не зоврие. Потоа тргнете од шпоретот и оставете го малку да се излади.

Во друго тенџере ставете памучни пелени или газа и сипете ја смесата со соја. Затворете ги памучните пелени и добро процедете. Во добиеното млеко од соја сипете мед и ванилин шеќер, па добро измешајте и сипете во стерилизирано шише.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот