Како да го заштитите пасошот при патувањето?

Навистина не ви е потребен стресот од губење или оштетување на пасошот кога патувате, па затоа преземете некои превентивни мерки.

Обратете внимание на она што се случува околу вас

Бидејќи повеќето грабежи се случуваат во опкружување погодно за такви нешта, посветете внимание на тоа што се случува околу вас. Каде и да сте, без разлика дали станува збор за некој хотел, или во ред за царина, во авион или на некое друго место – секогаш бидете свесни дека во секој момент некој може да го искористи вашето невнимание.

Оставете го пасошот во хотел

Иако пасошот е единствената исправа за идентификација која ја имате со себе во странство, сигурно не постои потреба насекаде да го носите со вас. Вашата друга исправа е и возачката дозвола, но и копија од пасошот, па не е лошо тоа да го направите пред патувањето и само копијата да ја носите со себе.

Проверувајте каде ви е пасошот

Од време на време погледнете дали пасошот е на местото во торбата во која сте го ставиле.

Купете си ташничка или мала кутија со врвка

Купете си мала ташничка или мала кутија со врвка која ќе можете постојано да ја носите со себеси, бидејќи таа е идеално место да ги чувате документите и парите на безбедно. Многу туристи кријат вакви торбички и под облеката.

Никако не го ставајте во багажот

Што ако ви побараат да го чекирате багажот, а вие го заборавите пасошот внатре? Пасошот мора секогаш да ви е при рака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот