Фото: Принтскрин

Како чварките од храна за сиромашни станаа деликатес по астрономска цена?

Она што некогаш беше еден вид „свински отпад“ стана гастрономски деликатес чија цена не престанува да расте, што е парадоксално ако се земе предвид дека само пред неколку децении, чварките се сметаа за храна наменета за сиромашните.

Денес, многу граѓани не можат да си ги дозволат, или повремено можат да купат 100, 200 грама. Во Хрватска, чварките се најскапи, а тоа го потврдува и фотографијата направена на пазарот во Загреб.

Имено, на пазарот Долац во Загреб, килограм чвараки чини помеѓу 1.500 и 1.700 денари, што предизвика чудење кај потрошувачите. Спакуваните чварки во супермаркетите моментално се продаваат по цена од 240 до 300 денари за 200 грама, а се очекуваат и понатамошни зголемувања на цените- пишува Мондо.рс

Главен „виновник“ за зголемувањето на цените е африканската свинска треска (ASF), која во последниот месец доведе до масовна евтаназија на илјадници свињи на фармите во Славонија. Експертите предупредуваат на можен колапс на домашното производство и значително зголемување на цените, бидејќи Хрватска покрива само 40 проценти од своите потреби за свинско месо од домашно производство и зависи од увоз.

Доколку ситуацијата не се подобри, традиционалните месни производи како што се кулен и чвараки би можеле да станат ретки и екстремно скапи производи на полиците во продавниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот