Горан Весиќ / Фото: biografija.org

„Каде си, Весиќ?“: Ексминистерот сепак може да оди во притвор, укинато решението со кое беше ослободен

Апелациониот суд во Нови Сад денеска соопшти дека предлогот за притвор на поранешниот српски министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ е вратен на повторно одлучување, откако жалба вложи Вишото јавно обвинителство, пренесуваат регионалните медиуми.

Второстепениот суд ја прифати жалбата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад и ја поништи одлуката на Вишиот суд во Нови Сад, со која беше одбиен предлогот да се определи притвор за Горан Весиќ, а предметот е вратен на првостепениот суд за нова одлука.

Ексминистерот Весиќ е еден од 13-темина уапсени за падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, Во несреќата загинаа 15 луѓе, а двајца беа тешко повредени.

Српските студенти денеска организираа нов протест пред Обвинителството и Судот, наведувајќи дека причината за тоа е последниот рок во кој судот треба да се изјасни дали поранешниот министер Весиќ ќе биде во притвор или не.

Тие носеа транспаренти на кои пишуваше Каде си Весиќ?“, „Каде се крие Весиќ“ и „Весиќ, пак одиш на диета“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот