
Кабинетот на Зеленски ги отфрли тврдењата дека Киев стои зад убиството на ќерката на Дугин
Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги отфрли тврдењата дека Киев стои зад убиството на Дарја Дугина, ќерката на рускиот идеолог Александар Дугин.
Препорачано
– Украина, се разбира, нема никаква врска со вчерашната експлозија, бидејќи ние не сме криминална држава, како Руската Федерација, а уште помалку терористичка држава, изјави за новинарите советникот во претседателскиот кабинет Михаил Подољак.
Според него, Русите креваат тензија за да постигнат јавна мобилизација, а не прикриена.
Подољак вели и дека во Русија сега има различни политички групи кои се борат меѓу себе за да го прераспределат внатрешниот идеолошки простор во земјата.
Автомобилот на ќерката на Дугин, кого го нарекуваат идеолог на Кремљ и на „рускиот свет” и војната во Украина, експлодирал на автопатот во близина на Москва, а Дарја Дугина починала на самото место, соопштија руските истражни органи.
Според очевидци, во автомобилот требало да биде и самиот Дугин, но во последен момент се префрлил на друго возило. Дел од медиумите оценуваат дека вистинската цел на нападот бил Александар Дугин.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5