Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Јужна Кореја по само една година го отпушти Јирген Клинсман

Германската легенда Јирген Клинсман доби отказ од позицијата селектор на Јужна Кореја.

Клинсман дојде на оваа функција минатата година во февруари и потпиша договор до завршувањето на Светското првенство во 2026 година. Сепак, поради лошите резултати по само една година дојде до прекин на соработката.

Јужна Кореја изненадувачки беше поразена од Јордан во полуфиналето на Азискиот Куп, натпреварување на кое настапија како големи фаворити за трофејот.

„Тренерот Јирген Клинсман не успеа да го донесе она што го очекувавме во националниот тим, вклучувајќи го и менаџментот во играта, менаџментот на играчите и работниот став кои ја подигнуваат конкурентноста на националниот тим“, изјави првиот човек на федерацијата, Чунг Мон-Гиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот