фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Јувентус потврди дека Погба е суспендиран откако падна на допинг тест

Пол Погба има голем пад на својата натпреварувачка форма, а сега доби и суспензија која ја потврди и неговиот клуб Јувентус.

Францускиот играч за врска беше тестиран по натпреварот против Удинезе, по што беше констатирано зголемено ниво на тестостерон.

– Фудбалскиот клуб Јувентус на 11 септември 2023 година објавува дека Пол Погба е превентивно суспендиран од антидопинг организацијата поради неговите тестови направени на 20 август 2023 година – стои во соопштението на Јувентус.

Французинот има рок од три дена да побара Б примерок од тестот. Доколку примерокот Б сè уште биде позитивен, Погба ризикува максимална суспензија и казна од четири години – со почетна забрана од две години, која може да се удвои ако биде прогласен за виновен дека намерно ја земал супстанцата.

Откако ја започна својата кариера во Манчестер јунајтед, Погба го достигна врвот во Торино во својот прв период, каде освои четири титули во Серија А со Јувентус и исто така беше номиниран за „Златната топка“.

Во 2016 година се врати на „Олд Трафорд“ како тогаш најскапиот трансфер во фудбалот и ја освои Лигата на Европа со „црвените ѓаволи“. Но, потоа проблемите со повредите оттогаш го натераа да се оддалечи од фудбалот откако го започна и вториот мандат во дресот на „Старата дама“.

Еве што кажа и агентот на Пол Погба, Рафаела Пимента.

– Ја чекаме контра-анализата и сега не можеме ништо да кажеме. Сигурно, Погба никогаш не сакаше да ги наруши правилата, тоа можам да го гарантирам – рече Пимента за „Тутоспорт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!