фото: твитер

Јуве си најде супер стрелец од Премиер лигата!?

Британските и италијанските медиуми информираат дека „Старата дама“ ја следи ситуацијата со моментно најдобриот стрелец сезонава на Вулверхемптон, Раул Хименез.

Мексиканецот оваа сезона блеска запишувајќи 26 голови и 10 асистенции во 51 настап во сите натпреварувања. Во претходните месеци се поврзуваше со голем број на клубови, вклучувајќи ги Ливерпул и Манчестер јунајтед.

И Јувентус е во трката за 29-годишниот напаѓач кој го гледаат како идеална замена за Даглас Коста.

Се шпекулира дека можно е екипата од Торино наскоро да се ослободи од Бразилецот кој пак е на „радарот“ на Манчестер сити и ПСЖ.

Хименез има важечки договор со Вулверхемптон до 30 јуни 2023 година, а моментно според „Трансфермаркт“ вреди 40 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!