
Јункер: ЕУ да престане со глупавата војна околу вакцините со В. Британија
Европската Унија (ЕУ) беше премногу претпазлива и многу се грижеше за буџетот при набавка на вакцини против ковид-19, но сега треба да престане со „глупавата војна околу вакцините” со Велика Британија, изјави поранешниот претседател на Европската Комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Јункер, кого во 2019 година го замени Урсула фон дер Лајен, оцени дека Велика Британија ја спроведе кампањата за вакцинација многу подобро од ЕУ и додаде дека тој „не е обожавател” на идејата за забрана на извозот на вакцини.
– Тоа сериозно ќе го наруши угледот на Европската унија, која порано беше светски шампион во слободната трговија, истакна Јункер за „Би-Би-Си“, оценувајќи дека „затоа тоа не е добар начин да се реши проблемот”.
– Мислам дека мора да се повлечеме од оваа војна со вакцини. Мислам дека има простор за дијалог, за дискусии, за аргументиран разговор од двете страни на Каналот. Никој во Британија, никој во Европа не разбира што се случува, оваа глупава војна со вакцини. Ние не војуваме и не сме непријатели. Ние сме сојузници, изјави Јункер откако ЕУ најави дека ќе забрани извоз на вакцини во земји кои не одговараат на Европа со иста мерка.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5