Хари Кејн / фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Јунајтед на лето ќе тргне по старата желба – Хари Кејн

Манчестер јунајтед во претстојниот летен преоден рок ќе се обиде да го донесе на „Олд трафорд“ капитенот на Тотенхем и на англиската репрезентација, Хари Кејн.

ЕСПН пипува дека дел од трансферот би требало да биде и Антони Марсијал кој моментно настапува во Севиља како позајмен играч.

Управата на Јунајтед сака идната сезона повторно да се вклучи во борбата за трофеите и поради тоа е подготвена да потроши голема сума на пари во летниот преоден рок, а прва мета е токму Хари Кејн со кого би биле решени проблемите во нападот.

Тотенхем за својот капитен бара 100 милиони фунти, сума која е преголема за Јунајтед кој пак е подготвен да плари 20-тина милиони фунти помалку и во Лондон да го испрати Марсијал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот