Фото ЕПА/Антонио Бат

Југословенската „Лолита“: Ќерката на Фрањо Туѓман побегнала низ прозорецот за да се омажи за Србин

Сите хрватски медиуми во четвртокот ја објавија веста дека починала Анкица Туѓман, сопругата на Фрањо Туѓман, Титовиот генерал и прв претседател на Хрватска во текот на крвавите воени деведесетти години на Балканот, пренесува српски „Курир“.

Таа го надживеа сопругот цели 23 години, а како што може да се прочита во малку постарите написи на хрватските портали, проклетството на Туѓман се чини дека го следело како она на Кенеди.

Додека беше жив Фрањо Туѓман, отвораа фирми, успешно се занимаваа со разни големи бизниси, за по неговата смрт се да почне да се затвора, пропаѓа, почнаа разни скандали…

Се борел со Србите, а неговиот внук е Србин

Ќерката на Туѓман, Невенка е родена на 3 март 1951 година во Белград, Србија како трето дете по Мирослав и Стјепан. Нејзиниот прекар е Сека. Како дете Невенка имала дарба за сликање.

Нејзините дела на стакло биле пофалени од сликарот Крсто Хегедушиќ, кој во тоа време бил во посета на семејството Туѓман. Откако се вратила во Загреб во 1961 година, таа ги покажала своите слики на Бела Крлежа, сопругата на Мирослав Крлежа, со кои во тоа време дружеле.

Како млада девојка се вљубила во Стевo Кошутиќ, кој од Србија дошол во Загреб да студира економија. Тој живеел кај неговата тетка Кате Роксандиќ во улицата Назорова, само неколку куќи оддалечени од станот на Туѓман. Нејзините родители биле против оваа врска затоа што сакале таа да има кариера како сликар, пишувал „Вечерњи лист“ во 2016 година.

Таа една ноќ во пролетта 1969 година избегала низ прозорецот од куќата и отишла кај Кошутиќ. Следниот ден, по тој повод биле поканети на прослава кај новите пријатели.

Ќерката Невенка се омажила на 18 години, со уште незавршена гимназија, за Србинот Стеван Кошутиќ. Таа заминала во Земун.

По венчавката, Невенка и Стево се преселиле во Нови Сад. Ги добиле синовите Дејан и Синиша. Невенка со текот на времето сѐ почесто доаѓала во Загреб и ги оставала децата кај родителите. На крајот, во 1978 година тие се развеле по девет години брак. Крлежа ја вработил во Лексикографскиот институт.

Таа со децата се вратила во Загреб и живеела во куќата на своите родители. Се занимавала со продажба на мобилни телефони, техничка и луксузна стока. Бизнисот течел добро, возела кабриолет „Мерцедес“. Со текот на годините, фирмите, кои сѐ послабо работеле, ги затворила или продала.

Нејзиниот деловен партнер Игор Кнежевиќ сведочел дека со провизија од 15 отсто го договорила да вградување модерни телефонски централи во многу државни институции. По три судења во текот на осум години судски спор во 2008 година, е ослободена од сите обвиненија. Нејзиниот син Дејан во средината на деведесеттите бил еден од косопствениците на банката „Каптол“.

Потоа заминал во Белград, каде што основал курирска компанија, која ја продал на Австријците. Потоа се вратил во Загреб. Вториот син Синиша, во деведесеттите возел  на автомобилски трки. Невенка живее во куќата на своите родители, во која преградила еден дел за своето семејство и ретко се појавува во јавноста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот