
„Југо“ падна во Радика кај Скудрински Мост, загинаа сопружници
Телата на две лица се извадени од водите на реката Радика, откако попладнево било пријавено дека автомобил паднал во реката. Според првичните информации, станува збор за брачен пар од селото Житинани, општина Центар Жупа.
Препорачано
Од СВР Тетово информираат дека попладнево околу 14 часот било пријавено дека во близина на Скудрински мост по патниот правец Маврови Анови-Дебар во Радика било забележано патничко моторно возило. Набрзо на терен излегле полициски службеници од полициското одделение Ростуше кои констатирале дека станува збор за „Југо” со дебарски регистарски ознаки и дека во нив имало две лица. По доаѓањето на противпожарната единица и првата помош од Дебар, било констатирано дека во возилото имало две починати лица.
По извршениот увид од страна на увидна екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител било констатирано дека станува збор за сопружници маж на 63 годишна возраст и жена на возраст од 60 години од селото Житинани.
Јавен обвинител дал наредба за обдукција врз телата по што ќе се утврди причината за нивната смрт, а ќе се трага и по причините кои довеле до трагичниот настан.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
25мин
-
60мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5