
ЈСП повторно останува без гориво, „Пуцко петрол“ ја прекинал испораката на нафта
Фирмата „Пуцко петрол“ повторно ја прекинала испораката на нафта за ЈСП „Скопје“. Ова го тврдат од Град Скопје, од каде додаваат дека за Асмир Јахоски и „Пуцко петрол“ ќе се покрене соодветна постапка за материјална и кривична одговорност поради непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта со цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат.
Препорачано
Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“, соочен со обвиненија затворска казна и подложен на уцени иако има активен договор за испорака на нафта ја прекина доставата. Истото уценетиот го направи и за предновогодишните празници, ги остава грѓаните да чекаат на ладно во зима и на жега во лето само да се задоволат суетните лидери од кои очекуваат спас од сургун за своите недела уценетите црнолисташи. Зар не направивте доволно хаос во Скопје, спречивте набавка на нови автобуси, не гласавте бесплатен јавен превоз? – велат од Град Скопје.
Скопјани на мака: Возачи пушат, зборуваат на мобилен и не застануваат на секоја автобуска станица
Оттаму додаваат дека ЈСП „Скопје“ дава јавна услуга за граѓаните која претставува јавен интерес и нема да дозволи последиците од ваквите поистапки да ги трпат граѓаните.
Затоа за Асмир Јахоски и Пуцко петрол ќе се покрене соодветна постапка за материјална и кривична одговорност кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат. Граѓаните немаат трпение повеќе за политичките игри за предизборен дефокус на ВМРО, Управниот одбор на ЈСП кој го води ВМРО и Мицкоски заедно со Јахоски, кои сакаат да дефокусираат од штетата која му ја предизвикаа на ЈСП и Скопје во изминатите 4 години – соопштуваат од Град Скопје.