Јсп/Фото „Слободен печат“/Слободан Ѓуриќ

ЈСП ќе вози по неделен возен ред за празничниот викенд

ЈСП Скопје соопшти дека по повод државниот празник 8 Септември – Денот на независноста, за време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Во недела дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар, а во понеделник ќе работат само билетарницата и центарот за персонализација на Транспортен центар.

Жичницата ќе работи вообичаено за време на викендот, од 10 до 20 часот, со последно возење од подножјето во 19:30 и од врвот во 19:45.

В понеделник жичницата нема да биде во функција, бидејќи секој понеделник и последен вторник во месецот се неработни денови за жичницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот