Фото: Принтскрин, ЈПДП

ЈПДП објави тендер за претквалификација за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце

На веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој е објавен тендер за изградба на 10,5 километри од автопатската делница Скопје-Блаце, со кој се упатува покана за претквалификација за изведувач на активностите од втората фаза.

ЕБОР обезбедува заем во износ од 167 милиони евра, а 20,8 милиони евра грант се на располагање преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Автопатот Скопје-Блаце е во вкупна должина од 12,5 километри, од мај 2020 година на терен се одвиваат активности за првата фаза, во должина од 2,5 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!