Фото: МИА

ЈП „Водовод и канализација“ нуди можност за исплата на долгови без пресметка на камата

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 1 фервруари заклучно до 15 март 2022.

ЈП „Водовод и канализација“ ќе спроведе акција за наплата на долговите без пресметка на камата. Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 1 фервруари заклучно до 15 март 2022.

Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката престанува да важи – наведуваат од ЈП „Водовод и канализација“.

Надлежните од ова јавно претпријатие, а имајќи ја во предвид ситуацијата со коронавирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, ги повикуваат граѓаните на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП „Водовод и канализација“, при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот