Дрисла / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

ЈП „Дрисла“ тврди дека е лажна веста дека повторно имало пожар на депонијата

ЈП „Дрисла“ најостро ја осудува и демантира веста дека ноќеска горела „Дрисла“ која, според нив е лажна и лиферувана од политички центри на моќ за дефокус од нивните скандали, кога всушност, како што тврдат оттаму, вчера немало никаков пожар на депонијата.

ЈП Дрисла каде имаше обид за потпалување голем пожар пред 2 дена, со сопствени ресурси и со огромен труд од страна на Противпожарната бригада Скопје се справи со пожарот. Од тогаш состојбата е стабилна, а вчера низ јавноста беше лиферувана вест дека повторно горело во Дрисла, што е обид за дефокус од скандалот во Трубарево кој можеше да биде повторување на трагедијата во Кочани поради неспособноста и системските недостатоци на одредени институции, се вели во соопштението на претпријатието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот