Љубомир Јовески во гостување на ТВ21 / 25 ноември 2021 / фото: ТВ21/принтскрин

Јовевски: За случајот „Онкологија“ може ќе се вештачи во некоја од соседните земји

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вечерва соопшти дека е можно во некоја од соседните земји да има вештачење за случајот „Онкологија“. Тој потврди дека соработката со Косово и Албанија е се уште во рамки на размена на информации, но што ќе покаже таа соработка, засега е отворено прашање.

„Неблагодарно е да се прогнозира времето, побитно е да дојдеме до вистината, до докази, до обвинети лица и до сигурни, релевантни податоци кој што направил во конретното дело. Сложеноста на предметот налага дека ќе има повеќе вештачења. Се уште нема одлука, има идеја тоа да се врши во една од соседните земји и воопшто Обвинителството никогаш тоа прашање не го поставувало, имавме вештачење и од германски експерти. Соработката со Косово и Албанија е се уште во рамки на размена на информации. Ако Обвинителството презема такви дејства, јасна е неговата намера да го истражи случајот до крај – дали евентуално одредени лекови или медицински материјали завршувале надвор, како завршувале и на кој начин, да прибави соодветни докази од тие земји и во тој дел сега се остварува таа соработка. Што ќе покаже соработката е отворено прашање, но ве уверувам дека ЈО максимално се посветува на расчистување на сите овие прашања за кои денеска зборувавме со пратениците. Сите сме свесни за тежината на случајот и сите сакаме да се дојде вистината, тој што сторил да сноси одговорност, а најголема сатисфакција ќе биде да се врати довербата на луѓето што се борат за живот, рече Јовески.

Според него, Во однос на тоа кој се и дали ќе биде сослушан министерот за здравство, како и кога тоа ќе се случи, ќе проценат обвинителите кои го водат случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот