Во обиениот магацин буквално се чувале неоупотребливи солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување.

ЈО: Од полицискиот магацин во Охрид украдено прастаро неупотребливо оружје и солзавец со изминат рок

Старо и неупотребливо оружје кое било наменето за расход и уништување“, вака накусо гласи наодот на истражителите од Јавното обвинителство кои работат на грабежот во магацин лоциран во поранешната касарнаМихајло Апостолски” во Охрид.

Утврдено е дека во кражбата која се случила во доцните вечерни часови пред три дена од неколкумина засега непознати крадци, се украдени и патрони за солзавец произведени 1950 година, чиј што рок за употреба бил до 1970 година. Во обиениот магацин, велат од ОЈО, буквално се чувале неупотребливи солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување.

– Кога полицијата и криминалците се едно, епилогот е кражба на оружје од полициски магацин и предизвикување на несигурност кај населението. Спасовски или е целосно неспособен да го обезбедува имотот на МВР или е во целосна коалиција со криминалот и ги прикрива извршителите. Ова се случило кога криминалците ќе го чувствуваат МВР за свој дом – изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Од најголемата опозициска партија велат дека „Спасовски треба да си поднесе оставка, зошто 3 дена нема одговор каде е украденото оружје од охридската полиција“.

– Од магацинот на МВР во Охрид не само што е украдена муниција за автоматско оружје, туку се украдени и бомби и гранати, доволни за вооружување на цела единица. Оружјето е украдено од полициски магацин, кој се наоѓа во кругот на поранешната касарна во Охрид, опколен со други полициски објекти. Магацинот е објект кој го обезбедува полицијата. Нејасно е како крадците влегле во полициски круг, и извршиле грабеж на полициски магацин, изнеле неколку кутии со оружје и никој не ги видел, ниту слушнал. Или Спасовски е целосно неспособен или тој е соработник во овој грабеж. Како граѓаните да се чувствуваат безбедни, кога тие кои треба да ја гарантираат нивната безбедност, не можат ниту себе да се заштитат? Кое е образложението на Спасовски и зошто 3 дена молчи или чека медиумите повторно да извадат некоја снимка за да каже дека и тој ја има истата снимка, а крадецот само што не го фатил? Наместо да чека на чуда, Спасовски да си поднесе оставка веднаш, зошто никој повеќе не верува дека Спасовски може да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Тој е целосно неспособен“ велат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот