
ЈКП Тетово: Не е точна информацијата дека се наплатува по 100 евра за еден фрижидер да заврши на депонија
Јавното комунално претпријатие Тетово негира дека нивни вработени барале по 100 евра за транспорт на фрижидер. Информацијата пред два дена ја објави Слободен печат и неколку други портали.
Препорачано
„Оваа информација не е точна, но некои се обидуваат да ја поистоветат работата на оваа претпријатие кое со посветеноста и се ангажира секојдневно да работи и да ја подобри чистотата во градот. Од друга страна, ЈПК постојано ги повикува граѓаните кои имаат инертен отпад да се обратат до ЈКП Тетово, која потоа ќе ги транспортира за симболична сума од 1000 денари. Ги замолуваме и сите граѓани доколку им се побараат повеќе пари случајот да го пријават во ЈКП и во општина Тетово. Во никој случај нема да дозволиме работата на ЈКП и Општината да биде изедначена од несовесни лица кои без факти и аргументи клеветат“ се вели до соопштението на ЈКП Тетово.
Неодамна Јавното комунално претпријатие Тетово започна да врши услуга, собирање и транспортирање на интертниот отпад од домаќинствата како градежен шут, стар мебел, бела техника и слично.
Досега истиот завршуваше на јавни површини, загадувајќи ја природата, особено реките во полошко каде и граѓаните најчесто се ослободуваа од овој отпад.
Дел од граѓаните за Слободен печат велат дека не се запознаени со ваквата комунална услуга, некои пак ја поздравија и истакнаа дека имале потреба од неа, но не ја искористиле оти е прескапа.
„Овој метод требаше одамна да се воведе, но моменталната ситуација не е нормална според мене. Се јавив пред некој ден до ЈКП Тетово и им реков да ми земат еден фрижидер да го однесат во некоја соодветна депонија, тие ми велат таа услуга ќе те чини 100 евра. Сега замислите јас да треба да реновирам и да сакам да купам нов мебел и техника, па повеќе ќе се потрошам за да се ослободам од стариот мебел, отколку да купам нов, исткна неодамна за Слободен печат жител на Тетово.
„Јас сум немал некоја потреба да фрлам нешто, но ми кажале дека многу пари бараат, мора да ја намалат цената, нека има наплата, но нека биде барем некој симболична цена“, додава друг тетовец.
ВИДЕО: Општина Тетово фрла градежен шут на Шара, обвинија од НП Шар Планина приложувајќи видео доказ