фото: РК Бутел Скопје

Јапонскиот репрезентативец Рио Козакаи е нов ракометар на Бутел Скопје

Младинскиот репрезентативец на Јапонија, Рио Козакаи, е најновото засилување за тимот на ракометниот клуб Бутел Скопје.

Козакаи има 21 година, а доаѓа од составот на Цукуба од Јапонија и за него ова ќе биде прво искуство надвор од татковината.

Настапува на левата бековска позиција, игра во двата правци, а со нашиот тим се обврза на договор од една сезона.

Тој ќе дебитира на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, иако на екипата на Горан Кузманоски и се приклучи неодамна.

Изминатиот период РК Бутел Скопје играше на струшкиот ракометен турнир каде стигне до финалето во кео загуби од Охрид со 30:24.

Претходно РК Бутел Скопје го засили и кадетските репрезентативци Петар Николоски, и близнаците Архангел и Атанасиј Трсунови, како и искусниот голман Благојче Трајкоски и грузискиот лев бек Давид Гришикашвили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот