
Јапонија: Возач на автобус изгубил 73.000 евра отпремнина откако украл 6 евра
Возач на автобус во Јапонија со 29 години стаж ја загубил отпремнината од 73.000 евра бидејќи украл 6 евра од парите дадени за автобуски билети. Градот Кјото отпушти неименуван возач откако тој беше фатен на безбедносната камера на неговиот автобус како проневери шест евра (1.000 јени) во 2022 година, пишува „Фигаро“.
Препорачано
Инцидентот се случил кога група од пет патници се качиле во автобус и им наплатил 1.150 јени.
Возачот побарал од групата да стават 150 јени во монети во кутијата за билет и лично зел банкнота од 1.000 јени (шест евра) што не ја пријавил.
Иако е снимен, возачот на автобусот, кој според судската одлука повеќе пати бил укоруван за разни инциденти, при разговор со претпоставените се обидел да ги демантира фактите. Возачот го тужеше градот откако му беше одбиена отпремнина од повеќе од 73.000 евра (над 12 милиони јени).
Првостепено осуден, казната првично му беше укината по жалба, а судот ја оцени казната преголема.
Сепак, Врховниот суд вчера донесе конечна одлука во корист на градот и ја потврди првичната пресуда, нагласувајќи дека неговото однесување може да ја загрози довербата на јавноста во системот и правилното управување со автобускиот превоз, пренесува Танјуг.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
10мин
-
20мин
-
22мин
-
29мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5